речник контакт

Велешани повеќе патуваат со воз

Помеѓу железницата и автобусите, велешани се верни на традицијата стара стотриесет години и сеуште предимство му даваат на патување со возот.

Петар Печков

Помеѓу железницата и автобусите, велешани се верни на традицијата стара стотриесет години и сеуште предимство му даваат на патување со возот. Според бројките од железничката и автобуската станица повеќе од две илјади  велешани секој ден патуваат до Скопје и назад. Некои на работа, други да учат а трети по приватни работи минуваат дел од животот на перионите на станиците и  се жалат на условите на чекалницте кои се далеку до времето во кое живееме.  Најголемиот дел од патниците ги користат услугите на Македонски железници. Секој работен ден околу илјада од нив  се со билет на МЖ додека со автобус патуваат трипати помалку, околу тристотини. Но бројката на патници е поголема, бидејќи некои користат сопствен превоз а трети патуваат со дивите таксисти, така што секој ден кон Скопје се упатуваат две илјади велешани.
        
Во  месец ноември имаме издадено 550 месечни билети од кои 380 се на вработени а 170 на ученици и студенти. Тоа е повеќе  за 10 отсто од претходните месеци, што може да радува бидејќи велешани се решиле да ги користат нашите услуги. Секој ден бројот на патници од нашата станица е околу илјада  со што таа е најфрекфетна во Македонија - велат  надлежните од Железничка станица Велес.Според патниците причина за ова е цената, која по намалувањето на ДДВ сега е 1400 за вработени и 1200 за ученици, што е помалку за 250 денари од претходната. Железничарите велат дека традицијата е на нивна страна, бидјеќи првата железничка пруга во Македонија до 19-тиот век,  била од Солун до Велес.

Иако железница драстично овие три месеци, за дури шест воза,  го намали бројот на композиции кон Скопје и назад, цената е пресудна што се решив да патувам со нив.  Ми одговара и распоредот на возови, иако ги редуцираа - вели Илија Маневски, кој работи во Скопје. Студентите пак направиле сметка и есапот покажал е поефтино да патуваат со воз, отколку да живеат под кирија. Но патниците имаат забелешки на лошата инфраструктура на железничакта станица, чекална која нема греење, не е обелена одамна, а нема ни  санитарен јазол  кој уште од 1999 е забранет за употреба. На другата страна од градот е Автобуската станица, од каде секојднево 300 велешани се упатуваат кон Скопје, а исто толку кон останатите градови.

Доколку не се дивите таксисти сигурно ќе имаме повеќе патници. Околу стотина патници користат месечни билети, но тие директно  се купуваат од превозниците - велат од Автобускта станица. Брзината на автобусите е  адутот наспроти цената која за месечен билет е 3 илјади денари, додека  билетот во еден правец кон Скопје е сто денари, приближно  колку што е железничкиот во двата правца. Патниците на Автобуската пак имаат забелешки на малиот и несоодветен простор на чекалницата и тоа што таа неколку месеци нема телефонска врска, бидејќи поради неплатени сметки таа е исклучена.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »