речник контакт

Велешани повторно ја подготвија најголемата пита пастрмалија (фото)

Долга е 3,3 метри. Првиот ден се изеле 10 илјади парчиња пастрамлија а се испило 3,5 тони вино

Петар Печков

Ако лани во Велес се подготви најголема пита пастрмалија долга 3 метри, годинава се сруши рекордот кои сами го создадоа. За 11-тата Велешката питијада се испече пита пастрмалија со џиновски димензии, чија подготовка траела 6 часа, а се изеде за пет минути.  

Пастрмалија ја подготвувавме 6 часови, време за кое се  измеси тестото, се нареди со додатоците и се испече. Долга е 3,3 метри наспроти ланските 3 метри.   Нема од откријам како ја печевме,за тоа што се друго е познато, но сакаме до година да подготвиме уште поголема пита – рече   Васко Стојчев еден од петте мајстори, истите од лани,  кои ја подготвуваа оваа џиновска пита пастрмалија. Овој пат за пекара Фурна Којник.

На неа биле употребени   20 кг тесто, 18 кг месо  и 150 јајца Таа се исече на парчиња, кои потоа се продава хуманитарно а средствата ги собираше подмладокот на  Црвениот крст. Се изеде за рекордни 5 минути. Градоначалникот Чадиев  соопшти дека првата вечер на  11-тљта  Питијадата биле продадени 10 илјади парчиња пити а испиени 3,5  тони вино.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »