Петар Печков
Објавено: среда, 01 јуни 2011
Како членови на избирачките одбори, за македонските граѓани кои ќе гласаат во странство, комјутерот исфрли шестмина велешани кои викендов неколку дена ќе престојуваат во исто толку градови.
Во Будимпешта Унгарија за член на избирачкиот одбор број 5016 е избирана ВИОЛЕТА КРСТЕВСКА од Велес, вработена во ОУ Васил Главинов.
Во Букурешт Романија за член на избирачкиот одбор број 5023 е избирана МИРЈАНА ТАНЧЕВА од Велес вработена во ОУ Петре Поп-Арсов-Чашка.
Во Мадрид Шпанија за заменик член на избирачкиот одбор број 5027 е избиран службеникот ГОРАН СТОЈАНОВ од Велес, вработен во КПД ИДРИЗОВО.
Во Вашингтон САД за заменик на претседател на избирачкиот одбор се избира службеникот УБАВКА СТОЈКОВСКА од Велес, вработена во ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС
Во Вашингтон САД за заменик член на избирачкиот одбор број 5040 е избирана КЕТИ ТОДОРОВА од Велес, вработена во ОУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ – ВЕЛЕС
Во Детроит САД За заменик претседател на избирачкиот одбор е избирана ЖАКЛИНА ТОДОРОВА од Велес, вработена во ОУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ – ВЕЛЕС.
Во Пекинг требаше да патува велешанец вработен во Центарот за социјални грижи, но тој се повлекол.
Според министерот за финансии Зоран Ставревски годинашниве избори ќе чинат помеќу 240 и 300 милиони денари и ќе бидат поскапи од теи од пред две години за кои се потрошиле 200 милиони денари. Причина за повисоката вредност е гласањето на дијаспората.
Tweet |