Петар Печков
Објавено: вторник, 01 март 2011
По тридевно патување со брод до Мармарас Турција и со автобус до Скопје, тие повторно се во друштво со нивните семејства. Изминатите десет дена, последните од престојот во Либија, ќе останат врежани во сеќавањето од граѓанската војна во оваа северноафриканска земја но и помошта што ја добиле од либијците да бидат спасени нивните животи, сите денови додека траела револуцијата и крвопролевањето.
Настаните во Либија ги следевме преку телевизија и радио, бидјеќи цела недела додека започна бунтот, бевме згрижени од домаќините на фабриката каде работевме. Еден ден откако започна пукотниците, кои доаѓаа од градот и можевме да ги слушаме, во фабриката упадна вооружена банда која започна да пљачка и носи. По овој настан, сопствениците на цементарницата каде работевме, сите странци, не преместија во касарна која војската ја напушти. Таму престојувавме седум дена, под силно приватно обезбедување и морам да се заблагодарам на либијците, кои ветија дека нема влакно да ни фали од главата, додека сме во нивната држава. За овој период траеја преговори од страна на сопственците на фабриката да се обезбеди превоз, за да ја напуштиме земјата и во саботата еден турски трговски брод, конечено се нафати да не превземе и пренесе во нивната држава – објаснува четиресет и двегодишниот велешанец Жарко Атанасовски, кој како електро инжињер работел половина година во фабриката за цемент во Бенгази Либија.
Претходно тој престојвуал две години во друга фабрика во оваа земја. Прв пат војната во оваа земја тој и останататите македонци, повеќето кумановци и неколкумина велешани, ја почувствувале кога морале да бидат пренесени од касарната до пристаништето. Во автогбус, со вооружена придружба, попат гледале изгорени куќи и домови, запалени полициски станици и државни институции, оган и истрели по улиците, но и радост кај локалното население од симнувањето на претседателот Гадафи.
Колегите, жителите на Бенгази, сите со кои бевме во контакт се едногласни дека нема да дозволат Гадафи да се врати на власт во нивниот град, по никоја цена. Бенгази кои брои околу 600 илајди жители, за нив сега е слободен, војската и полицијата го предадоа оружјето и прејдоа на страната на револуционерите. Овој дел на Либија е под нивна контрола – објаснува Атанасовски.
Триесетишест часа со брод траело патувањето до Мармарас Турција, каде биле пречекани од македонскиот амбасадор во оваа земја Горан Бидјеќи патните исправи им биле останати во Либија, добиле нови и бил обезбеден превоз за дома, во Македонија.
Голема благодарност до македонската амбасада во Турција, која се вложи да ни обезбеди непречен пат до дома и по еден ден патување повторно да бидам со сопругата Марија, ќерката Елена и синот Тоше – вели Жарко, среќен што неговата одисеја низ со војната зафатена Либија, заврши со среќен крај и средба со семејството. Од луѓето што тој ги познава, со кој работел, вели дека никој не сакал и не останал во Либија, сите се вратиле дома.
Tweet |