Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јуни 2018
Во едно месечната собирна акција на габаритен отпад во Велес се собрани 95 м3. Иако таа траеше месец дена, од 15 април до 15 мај, поради големиот интерес се оддолжи со крајот на мај. 78 домаќинства во овој периодот пријавија во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад. ЈКП Дервен од домаќинствата превзема најмногу кревети, душеци, фотелји, плакари, витрини и парчиња ситен мебел.
Во акцијата беа собрани 95м³ отпад кој се депонираше на посебно определен простор на градската комунална депонија. Бидејќи овој вид на отпад не смее да се остава на јавни површини, со акцијата граѓаните имаат можност да се ослободат од него по легален пат без да платат ниту денар. На акцијата и претходеше известување доставено до секое домаќинство во прилог на сметката за комунални услуги. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад претставуваше одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад -изјавија oд Општина Велес, која заедно со ЈКП Дервен беше организатор на акцијата.
Истовремено, со акцијата од домаќинствата се собираше и електронски и електричен отпад кои се предадени на овластен колективен постапувач.
Tweet |