речник контакт

Велешани се тестираат за ХИВ-СИДА, но не се едуцираат

Први декември Светски ден на борбата против ХИВ/СИДА. Годинава во Велес три нови случаи

Петар Печков

Први декември е Светски ден на борбата против ХИВ/СИДА . На овој ден се подигнува свеста кај населението за оваа инфекција.  Ако се суди според  информациите од Центарот за јавно здравје од Велес, велешани се` cи знаат и не им е потребна едукација.

„Во советувалиштето за ХИВ/СИД нема интерес, не доаѓаат граѓани да се едуцираат, запознаат. Затоа пак има интерес за тестирање. Тоа се лица, на кои им е потребен тестот за различни, лични потреби, патување во странство, работа во странство и слично“ - кажа прим. д-р Билјана Трајкова епидемиолог.   

Кај нив нема регистрирано ниту еден нов  случај изминатите 12 месеци. Наспроти тоа од Институтот за јавно здравје соопштија дека меѓу 42-та нови случаи во Македонија, три лица се од Велес.

„Откако се појави корона вирусот, во Велес нема нови случаи. Очигледно дека таа влијаеше на начинот на живот.  Новите случаи се откриени и регистрирани во Скопје и најверојатно овие лица живеат таму“ - дополни  прим. д-р Трајкова.

Од годинашниве  нови случаи во Македонија, 36 лица се заразени со ХИВ, а шестмина се болни од СИДА. И натаму, најмногу регистрирани со ХИВ/СИДА се во Скопје – 17 лица, четворица  во Битола, по тројца во Прилеп, Штип,  Велес и Струмица, по двајца со ХИВ/СИДА се дијагностицирани во Кавадарци и Тетово и по еден случај има во  Демир Капија, Гевгелија, Гостивар, Кратово, Куманово и Охрид.

Темата  годинашниот  Светски ден за борба против СИДА за 2021 е „Крај на нееднаквостите, крај на СИДА-та“, ставајќи посебен фокус на контактите на луѓето кои се оставени. Возрасни и деца кои живеат со ХИВ во светот се 37 милиони и 700.000 лица во 2020 година, а ново инфицирани со ХИВ  годинава се 1,5 милион возрасни и деца.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »