Петар Печков
Објавено: среда, 21 мај 2014
Општинскиот Црвен крст ги сумираше ефектите од собраните количества донирана помош по првите три дена од хуманитарната акција за настраданите од поплавите во Србија и БиХ.
До вторникот до 18 часот собрани се 5,6 илјади литри вода, 345 кг храна, 150 кг хигиенски средства, еден тон половна облека, 90 парчиња бебешка храна, 25 парчиња лекови, 80 пара половни обувки и 38 пакувања за деца.
Од општинската организација на Црвен крст потсетуваат дека помош во храна, хигиенски средства и вода, но повеќе не и во облека, може да се донира до 26 мај на два пункта во градот од 8 до 20 часот, кај Авона и на Сармаале.
Денес со финансиска помош се одѕваа и докторите. Здружението на приватни лекари на Македонија на Црвениот крст донираше 100 илјади денари додека Лекарската комора на Македонија донираше по 100 илјади денари за БиХ, Србија и Хрватска.
Tweet |