речник контакт

Велешани со воз патуваа до Дортмунд и Париз а на шопинг до Трст и Солун

Денес со железница може да се патува со во Македонијна

Петар Печков

Во Велес стигнал првиот воз во Македонија, уште во далечната 1873-та година. Од Солун.  Тоа е историски факт. Исто како што од Велес со воз се патувало до големите европски градови. И не така одамна. А  велешани ги користеле овие погодности и патувале. За ова се присетува Благој  Пљаков, пензиониран железничар, кој работниот век го минал на шалтерот каде cе купувале билети.

Имаше возови од Атина за Дортмунд,  Венција, Париз, Трст, Минхен. Тоа беа директни коли. А велешани патуваа, ја користеа оваа можност. Не можам точно да кажам колку билети се продавале, но  се купуваа и се патуваше.  Посебно до Трст. Тоа беше во втората половина од 70-тите и во 80-тите. Се купува билети и до Солун, и до таму велешани патуваа често, на шопинг, исто како за Трст - вели Пљаков.
Со новиот возен ред велешани можат да патуваат само во Македонија.  

Во фото прилог од овој текст можете да видите железнички возен ред, година  непозната, но од Кралска Југославија, некаде по 1920-та година. На него е поаѓањето и пристигнувањето од Скопје и Солун. Интересно е што Велес е запишан како ВЕНЕЦИЈАНА град.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »