Петар Печков
Објавено: недела, 04 октомври 2009
Секој петнаесети велешанец изминатие 12 месеци бил парично казнет поради ниската свест за хигиена на јавните површини и непочитувањето на Законот за јавна чистота.
Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи, по објавениот годишен извештај од спроведувањето на законот кој стапи на сила на 22 септември лани. Според бројот на изречени казни, Велес е на високото второ место меѓу македонските општини, пред нас е само градот Скопје со 13.675 а по нас следи Штип со 3.389. Во периодот од 12 месеци откако почна примената на законот за јавна чистота, 3.513 велешани заработиле казна.
Фрлале на земја отпушоци, хартија и мастики, оставале градежен шут каде не му е местото или продавале земјоделски производи на недозволени места, како и переле коли или балкони или оставале смет на места каде е тоа забрането.
Најголем дел од луѓето кои го прекршиле законот за чистота се над 18 години а прекршокот во најголем број случаи е на јавна површина. Сторителите одлучиле казната да ја заменат со општо-корисна работа во ЈКП Дервен.. Казни за прекршување на законот за јавна чистота заработиле и несовесни возачи, кои го паркирале својот автомобил во близина на контејнер не подалеку од 10 емтри. Законот за јавна чистота предвидува парична казна од 25 евра за фрлена мастика или отпушок, ако веднаш не ја платите казната таа во следните осум дена ќе порасне на 50 евра. Проблем според граѓаните е што тие не знаат каде им се поставени контејнерите за смет, па ѓубрето од домовите го фрлаат каде стигнат.
За надминување на ваквата состојба се бара преку сметките на ЈКП Дервен да се дистрибуираат флаери или друг пропаганден материјал преку кои граѓаните ќе бидат запознати со законската регулатива како и со казнените мерки. Според Законот за јавна чистота за една година поднесени се вкупно 10 илјади прекршочни пријави, најмногу во Скопје 2.622, па Тетово, Штип, Струмица и Велес со 1.032 барања. Но велешани се жив ѓавол, па бараат начин како да ја избегнат казната. Поединци, кои откако не ја платиле паричната казна а се решиле со општествено корисна работа да бидат ангажирани и работат, одат со потврди дека се болни, оперирани, немоќни а ЈКП Дервен не се тие што можат да ги ослободат. Неможат да вршат проценка дали казнетите можат или не да работат, тоа не е нивна обврска.

Tweet |