речник контакт

Велешани тек тук за Солун со воз, ама за Белград редовно

Колку е искористена новата железничка линија која започна да сообраќа од почетокот на мај

Петар Печков

Слаб интерес на велешани запатување со воз до Солун, додека кон Белград и Ниш има бројни патници. Ова се податоците на надлежните  од железничката станица во Велес. По воведувањето на железничката линија од  Солун кон Белград и обратно, од 8-ти мај годинава, Велес повторно беше меѓународно поврзан.
     
За овие два и пол месеци имаме продадено околу стотина билети до Солун. До Белград бројката е многу поголема, секојдневно до таму, Ниш или помалите места има по десетина патника – велат од железничката станица во Велес. 

Цената на билетот до Солун е 610   а повратна  изнесува 1.200 денари.  До Белград пак во еден правец е 1,5 илјади а повратен билет е 2,2 илјади денари. До Ниш е 720 а во двата правци е 1,3 илјади денари.

Возот кон Солун тргнува во 6 часот наутро  а пристигнува во Солун во 11,10 часот.  Од Солун тргнува попладне во 15.51 а во Велес е во  19.00  додека во Белград пристигнува во 5,33 наутро. Од Белград за Велес овој експресен воз тргнува попладне во 18,45.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »