речник контакт

Велешани тешко стасаа до дома, петокот попладне

На патарина километарски колони се чекаше саат време, возот од Гевгелија доцнеше 3,5 часа...

Петар Печков

Петокот бројните велешани кои со автомобил се прибираа дома  од Скопје во Велес, попладнето после 17 часот чекаа еден час на патарина.  Причина е што на овој дел од автопатот Скопје – Велес се случиле два сообраќајни несреќи. Еден автомобил се превртел а друг  завршил во ендек.

Во првиот случај џип со битолски регистарски таблички се превртел среде пат, обидувајќи се да ја избегне колоната а вториот исто така џип кој не видел дека има сообраќајка пред него,завршил во ендек со четворица полесно повредени патници. Ова резултираше со  огромни колони,а велешани кои попладнето се враќаа од Скопје дома чекаа по 60-тина минути.

Попладнето истиот ден 3,5 часа доцнеше возот од Гевгелија за Скопје. Така патниците кои беа во него наместо во 19,45 часот во Скопје беа во 23,10 часот.

Не беше ни малу пријатно се чека на оваа жештина на отворена пруга. Во возот имаше мали деца, повозрасни лица. Едвај некако успеавме во пустелијата да најдеме вода да се напиеме- вели патник кој доаѓал дома во Велес.

Наместо во 18,48 тој стигна во 22,25 минути.  Од ЈП МЖ го потврдија настанот со објаснување дека се блокирале кочниците на возот и заради безбедноста и сигурноста морало да се поправи дефектот, па возот доцнел 200 минути.

Истовремено неколку планинари кој за Петровден биле во Парадиште а се враќале со воз реагираа дека иако чекале на станицата Орешка чука, возот не застанал.

 Бевме седуммина лица, тројца планинари и четворица мештани  од Ореше. Во 20 часот возот од Битола мина низ станицата, ни свирна и не застана. Тоа не е  класична станица, туку стојалиште. Моравме да одиме до Богомила и до таму со такси да си дојдеме дома. Лицата од ореше се вратија во селото – вели Драган планинар  кому овој Петровден му остана во сеќавање.    

  Од ЈП МЖ не знаат за ваков инцидент и најавија дека ќе го испитаат. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »