Петар Печков
Објавено: недела, 27 февруари 2022
Тројца велешани, од нив двајца се со нивните семејства во Киев, чекаат да заминат од опколениот град и од Украина. Тие се нашле таму работно или со семејствата, и сега бараат надеж да бидат извлечени, како и останатите од земјава кои се затекнаа во оваа држава, иако македонските власти во неколку наврати бараа и ги предупредуваа нејзините граѓани да си заминат од Украина.
Сега кога нема авионски превоз, и се ограничени со горивото за да може да ја напуштат Украина, бараат преку Министерство за надворешни работи да им помогнат за излезат од Киев и Украина.
Овие моменти шест македонски граѓани им е обезбеден превоз и се враќаат од Украина.
Едно од лицата кои се наоѓаат во Киев, поточно тој е во село преградие, Игор Ангелво кажа што се случува тами.
„Ме загрижува тоа што се дели оружје без некое правило, кој сака, му треба, зема. нема некое воено организрање, туку сами граѓаните. Потоа во воена состојба познато ми е дека се купува брашно, зејтин, шеќер, а овде граѓаните купуваат вотка, виски, алкохол“ - кажа Ангелов во неговото јавување.
Tweet |