речник контакт

Велешанка загина во сообраќајка кај Ниш (видео)

Автомобилот со четворица патници, сите Македонци се враќал од Белград

Петар Печков

Во сообраќајна несреќа која се случи понеделникот вечерта во Србија, загина велешанка Здравка  Стојанова Ристовска   (27 год) пишуваат српските медиуми.  

Според нив  несреќата се случила кога автомобилот ауди-А6 со македонски регистарски таблички излетал од патот, на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш.

Здравка која била во автомобилот со нејзиниот сопруг се враќале од Белград. Сообраќајката се случила околу 18ч.  40 километри југоисточно од главниот град на Србија, во правец од Белград кон Ниш. 

Автомобилот излетал од коловозот, пробивајќи ја оградата од приватен имот. Во возилото се наоѓале четворица државјани на Република Македонија, од кои двајца мажи и две жени.

Двајца од сопатниците во возилото  се наоѓаат во тешка состојба и се пренесени на Ургентниот центар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »