Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јануари 2024
Во текот на вчерашниот ден, 7 јануари, полицајци уапсиле велешанка, која се барала со пoтерница, оти треба да одлежи казна затвор. Таа била осудена од Основен суд Свети Николе, за кривичното дело лажно претставувње како службено лице, за кое кривичниот законик предвидува казна затвор до една година.
„На 7 јануари во 16.25 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје на бул."Киро Глигоров" во Скопје ја лишија од слобода Ј.Р.(40 год) од Велес, со престој во Свети Николе. Таа се барала по централна потерница распишана врз основа на наредба од Основен суд Свети Николе за издржување на казна затвор во врска со чл.391 ст.1 од Кривичниот законик“ соопшти МВР.
Осудената била предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Tweet |