Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јули 2021
Велешанка е згрижена на Инфективна клиника во Скопје, откако била позитивна на корона вирусот а претходно пред еден месец и половина била вакцинирана со две дози за заштита од ковид-19. Примила од кинеската „Синофарм“.
„Беше потребно за овој случај да се алармира, оти ако е така вакцинирани да се позитивни, па уште и да се згрижат во Инфективна, значи треба да се менуваат некои работи со протоколите.Ова лице беше примено од доктор, медицинска сестра, дадено здравствена помош и затоа го споделив со јавноста. Познато е дека и нејзиниот колега, кој бил вакциниран со „Фајзер“ и тој е позитивен“ - вели д-р Лили Чолакова Дервишова, матичен доктор на пациентката која е позитивна.
Освен пациентка и нејзиниот сопруг е позитивен, како и малолетното дете, но членовите на семејството биле без симптоми. Според епидемиолошката анкета, постои сомнеж дека колешка од Куманово, ги заразиле и велешанката која работела во Скопје и нивниот колега. Жената од Велес се жалела на болки на градите, поради што била препратена на Инфективно одделение од велешката Болница.
„Во текот на вчерашното попладне, примена е пациентка. и е рендген снимана и компјутер на бели дробови па поради наодот кој е откриен е препратена на понатамошно лекување на Инфективна клиника во Скопје“- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
Од 12-ти јули до вчера 23-ти во велешко немаше активен ковид случај. денес има четири. Според министерството за здравство во велешко 31 отсто о жителите се вакцинирани, со една или две дози.
Tweet |