Петар Печков
Објавено: вторник, 01 август 2023
Велешанка Нигер Дестанова доби осум години затвор за подведување на женско лице на проституција. Апелациониот суд од Скопје ја потврди пресудата на Основен суд Велес и таа е правосилна.
Дестанова е осудена за кривичното дело „посредување при вршење на проституција“ кое го сторила во текот на 2020 година.
Таа во период од неколку месеци девојче кое побегнало од шелтер центарот за трговија со луѓе во Скопје, го нудела на стари лица за сума од 500 до 1000 денари и детето имало доноси со 5- 6 мажи во текот на денот.
Со парите кои ги добивала Нигер набавувала дрога за нејзиниот дечко, пишува во пресудата.
Tweet |