Петар Печков
Објавено: среда, 07 јули 2010
Настраданта ја удрил автомобил марка мерцедес, при што од повредите починала на самото место. Несреќата се случила на осум километри од Драч, во летувалиштето Шкемби и Кавајес. Полицијата го уапсила Саимир Хадај, 38 годишен, од градот Шијак, кој возел во алкохолизирана состојба.
За еден месец ова е трета сообраќајна несреќа во Албанија, со трагични последици за македонски граѓани. Пред две недели на планинскиот превој краба, на патниот правец Тирана- Елбасан животот го загубија сопружниците Стефаноски од Струга. Претходно на автопатот Тирана- Драч, загина Иниз Ајети професор на медицинскиот факултет на ДУТ.
Пред две седмици загина велешанец, кој живеел во Германија, од срцев удар додека возел велосипед низ Истра
Tweet |