речник контакт

Велешанка измамена за 10 илјади евра, за да ги спаси ќерката и зетот од наводно сторена сообраќајка

Попусти беа апелите на велешката полиција за телефонските измами на пензионери, за наводни сообраќајки кои ги сториле нивни блиски

Петар Печков

Попусти беа апелите на велешката полиција за телефонските измами на пензионери, за наводни сообраќајки кои ги сториле нивни блиски. При тоа за одредена сума пари, сторителот може да биде ослободен. Но иако неколку дена СВР Велес апелираше, вчера, среда, е регистриран нов таков случај.

„На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција. Според пријавеното, откако се договориле, ги однела парите на договореното место, а откако ја слушнала ќерка си сфатила дека била измамена“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Претходно велешката полиција кажа дека понеделникот на 1 септември имало пет обиди, сите биле неуспешни. На 28 авгуист велешанка платиал 2.700 евра за да ја ослободат ќерка и од наводна вина за сообраќајка, а измамниците барале 50 илјади евра. Тој ден имало четири неуспешни обиди. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »