речник контакт

Велешанка измамила сограѓанка како бајачка

Гатачката гледала само на злато

Петар Печков

СВР  Велес поднесе кривична пријава  против  С.А. (32) од Велес, поради основи за сомнение дека сторила кривично дело „измама“. Пријавената со намера за себе да прибави имотна корист, ја довела во заблуда З.Ј.М (24) од Велес и и нанела материјална штета од 30 илјади  денари. На 27 април годинава  С.А. се упатила во домот на оштетената и се претставила како бајач- гатач која гледа на икони и може да отстрани црни магии.  За овој  ритуал од оштетената добила 500 денари, мобилен телефон и алишта за деца.

Гатачката  наредниот ден повторно се вратила кај оштетената во нејзиниот стан и и кажала дека магијата е многу силна и мора да забае на златен предмет. Бидејќи З.Ј.М  кај себе немала злато, побарала од нејзината сосетка, златна огрлица, која потоа ја дала на пријавената која ја земала со себе и подоцна ја продала во златара за седум илјади  денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »