речник контакт

Велешанка касната од пајакот „црна вдовица“ во село Еловец

Жената била препратена на лекување на Токсикологија во Скопје

Петар Печков

Велешанка била  касната од пајакот „црна вдовица“  дознава ТрМр и побарана е помош од доктор кога веќе отровот почнал да делува. Настанот кој се случил на 22 јули во велешкото село Еловец, го потврдија од велешката болница.

„Жена од Велес на  61 годишна возраст  е донесена во Ургентен центар, во вечерните часови, додека била во поле ја каснал пајак на левата надлактица. Пациентката се јавила со болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви по целото тело. Истата е згрижена, дадена соодветна терапија и во договор со клиника за токсикологија -Скопје трансферирана е кај нив за понатамошен третман“ – соопшти д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Пајакот кој ја каснал жената, бил усмртен и донесен во болницата, даден ан увид на дежурните лекари, кои потврдиле дека станува збор за „црна вдовица“. Од болницата, лекарите не помнат дека во период од 40 години досега имаат примено ваков случај на каснување од овој вид на пајак. 

Пајакот „црна вдовица“ го има во карпестите делови на велешко, каков што е случајот со селото Еловец.

Нејзиниот отров е силен невротоксин. Каснувањето предизвикува силна болка, мускулни грчеви, потење и мачнина. Според стручната литература  црната вдовица не е агресивна и напаѓа само кога е директно загрозена, ако случајно се нагази или притисне со рака при полска работа.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »