речник контакт

Велешанка која пријави дека е силувана, осудена дека лажно пријавила кривично дело

Осудената не била силувана туку доброволно имала секс а ќотек добила од мажот и кога дознал дека го изневерила

Петар Печков

Настан кој мината есен предизвика многу реакции по социјалните мрежи, со бројни коментари, доби судска разрешница, но не како што пријавиле жената, туку спротивно. Ниту таа била силувана, ниту тепана од пријавенот.

Велешанка доби условна затворска казна оти лажно пријавила дека е силувана. Таа ќе лежи во затвор три месеци, ако во следната година стори ново кривично дело. Во Основен суд Велес, жената е осудена за „лажно пријавување кривично дело“.  

При истрагата било утврдено дека  жената, доброволно имала секс во еден од хотелите во околината на Велес а откако дознал за тоа, нејзиниот сопруг ја натепал. И здобиените повреди не  биле од лицето кое било пријавено дека ја силувал, туку од сопругот.  

За потсетување дека на 28.09.2020 година во СВР Велес, жената  пријавила дека  е силувана, иако знаела дека тоа не е сторено. Во  полиција потпишала Записник за примање пријава дека на ден 20.09.2020 година заедно со нејзината пријателка, отишла во хотел во околината на градот,  каде претходно биле договорени да се најдат со момчето на нејзината пријателка и со НН лице. 

Откако пристигнале во хотелот,  оштетената се сликала со НН лицето, пријателката  заедно со нејзиното  момче заминале во една од собите додека оштетената заедно со НН лицето заминале во една од собите во хотелот и откако влегле во собата во која мислела дека само ќе пијат кафе, лицето. ја натерал да се соблече со цел да имаат сексуални односи на што истата се спротивставила.

Поради што  лицето  со употреба на физичка сила со  неколку удари со раце во пределот на бубрезите и сериозна закана ја натерал да се соблече, извршил обљуба врз неа.  Потоа со комбе НН марка пријавениот ја однел на НН локација во близина на реката Бабуна каде повторно ја присилил на обљуба и и’ нанел видливи телесни повреди оток-црвенило на десната слепоочница и хематоми по телото, а потоа со возилото ја оставил во близина  на автобуската станица во Велес  заканувајќи и’ се дека доколку биде пријавен во полициска станица ќе има последици по нејзиното семејство, по што заминал во непознат правец. 

Жената знаела дека настанот како што го опишала воопшто не се случил, туку дека таа доброволно остварила средба со лицето во хотелот каде во една од собите доброволно имала сексуален однос. Откако за истото дознал нејзиниот сопруг физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди. Со опишаното дејствие, обвинетата сторила кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ прогласена е за виновна а пресудата е правосилна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »