Петар Печков
Објавено: петок, 20 декември 2013
Анастасија Богдановски, американка со велешко потекло, две седмици е во самиот врв на National Collegiate Athletic Association, НЦАА за пливање.(за потсетување, американските студенти НЦАА имаат за сите спортови, а кај нас е посебно популарна НЦАА кошарката).
Нејзините врвни резултати на трките кои ги пливаше на почетокот од овој месец, ја поставија како најдобра меѓу пливачите од сите американски Универзитети. На овие натпревари ги соборила рекордите на Универзитетот на 50 и 10 слободно.
Таа студира на Џон Хопкинс Универзитетот, кој е специјализиран за медицина и кој досега има дадено 27 нобеловци. Ана е и македонска репрезентативка во пливање.
Tweet |