Петар Печков
Објавено: среда, 26 октомври 2022
МВР информираше за апсење на две лица, од Велес и Кавадарци, оти се сомнича дека извршиле кражба во работилница во гостиварско село.
„На 25 октомври околу 14.00 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.В.(33) и малолетник, двајцата од Кавадарци и 42-годишната И.Д. од Велес. Тие се сомничат дека извршиле кражба во работилница -сервис за поправка во гостиварски Добридол“ - соопштија од МВР.
Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава,.
Tweet |