Петар Печков
Објавено: сабота, 19 декември 2015
Петокот напладне во сообраќајка тешко е повредена велешанка, која веднаш е пренесена во Ургентен центар Скопје. Според МВР сообраќајката се случила во близина на ,,Меаната на Даце,, на крстосницата од улиците од ул.„Тодор Јанев“ со ул.„Киро Ќучук“ во 12,50 часот.
До сообраќајката дошло откако Ж.Н.(23) управувајќи ПМВ„Пунто“ со велешки регистерски ознаки, удрил во пешак Д.Т.(64) од Велес. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т. која со возило на Брза помош е пренесена во велешката Болница, каде и била укажана лекарска помош,.
Поради сериозноста на повредата била пренесена во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |