Петар Печков
Објавено: недела, 16 мај 2021
Посетувајќи го Црн Камен, каде велешани после Велигден, одат за здравје и среќа, велешанка вчераутро, сабота, тешко се повредила. Според информациите на повеќе служби, настанот се случил околу 8,30 ч. кога 55 годишната жена се лизнала и паднала. На лице место, на Црн Камен била екипа на Итната помопш и ја дала неопходната нега на повредената.
„Вчера, претпладне на одделот за хирургија од страна на Итната Медицинска Помош донесено е лице на 55 годишна возраст повредено при случаен пад. Пациентката се здобила со скршеница на десен лакт и скршеница на десен скочен зглоб, истата прегледана од дежурен ортопед, оперативно третирана и задржана на одделот за ортопедија за понатамошно лекување и доиследување“ – кажа –др Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во извлeкувањето на пациентката учестувала екипа на Итната медицинска помош, на противпожарната единица и велешката полиција. Тие ја носеле жената по тежок и стрмен пат од Црн камен до регионaлниот пат Велес- Градско, од каде била префрлена во Велешка Болница.
Tweet |