Петар Печков
Објавено: петок, 24 септември 2021
Четвртокот попладне на ул. Васил Ѓоргов, која води кон Којник, автомобил удрил во пешак и побегна. Полицијата трага по сторителот а жената се здобила со тешки телесни повреди.
На 23-ти септември во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот“ - соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во сообраќајката пешакот. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.
„Донесен е пациент на ортопедија, извршен е рендген, констатирани фрактура на рамо и надлактица.. Направена е имобилизација, пуштена е дома“ - соопштија од велешката Болница.
Tweet |