речник контакт

Велешанка удрена од автомобил, кај Трговски

Лицето ја преминувало улицата надвор од обележан пешачки премин

Петар Печков

Вторникот претпладне, велешaнка била удрена на улица од автомобил, кога минувала на необележан простор. Од ударот се здобила со тешки повреди и пренесена во болница во Скопје.


„На 30-ти ноември во 10 часот на ул.„Благој Ѓорев“ пред Трговскиот центар во Велес се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Хјундаи“ со велешки регистарски броеви управуван од Т.М.(27) од Велес возејки наназад удрил во пешак З.К.(78) од Велес. Лицето  ја преминувала улицата надвор од обележан пешачки премин“ - соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Полицијата  извршила  увид на местото на настанот.
Од велешка Болница потврдија дека кај нив е доенсе повреден пациетн во сообраќајна незгода.

„Околу 10,30ч. донесена е жена на 78 годишна возраст. Кај неа на одделението за ортопедија е констатирана скршеница на колк. Поради специфичноста на повредата е пренесена во болницата „8-ми септември“ во Скопје“ - кажа д-р елена Левкова Ќулумова, портпарол на Болница Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »