Петар Печков
Објавено: среда, 12 мај 2021
Вчера претпладне велешанка е тешко потврдена кога била удрена од автомобил.
На 11-ти мај во 10.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „шевролет спарк“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Велес удрило во пешакот О.Г.(50) од Велес - кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Велес. Во незгодата, О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата Болница Велес.
„Донесена е повредена пациентка, кај која по извршените лекарски прегледи е констатирано нагмечување на глава и скршеница на ребро. По дадената здравствена помош, пуштена е на домашно лекување“- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Tweet |