речник контакт

Велешанката Бојанка Џипунова Ташова меѓу 13-те добитници на признание за најдобар просветен работник во Македонија

Таа е меѓу петте наградени по предметна настава во основните училишта

Петар Печков

На Светскиот ден на учителот 5 октовмри,  Бојанка Џипунова Ташова, доби признание за најдобар просветен работник. Таа е една од 13 добитнички, од  предучилишнот основно и средно образование за учебната 2025/2026 година. Џипунова Ташова е наставник по македонски јазик во ОУ Васил Главинов.   

Во предметна настава признанија добија  и Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ – Василево, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, Оливера Шиклеска-Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп. 

Признанието за најдобар просветен работник во предучилишното образование го доби Клементина Петрушевска, воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода.

Во одделенска настава беа наградени Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ – Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ – Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ – Босилово и Весна Тодоровска-Унковска од ОУ „Партенија Зографски“ – Кисела Вода.

За најдобар наставник во средното образование е избран Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ – Струмица. Постхумно признание му беше доделено и на Слаѓан Станковиќ-Битрак, наставник во СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово и во „Математичко-информатичката гимназија“ во Скопје. 

Годинашново мото на Светскиот ден на учителот е „Учителот инспирира, ученикот создава. Заедно го обликуваме светот на занењето“. 

Признанијата ги доделија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветните работници Жаклина Ристовска.

„Денес го чевствуваме просветителството и ја истакнуваме големината, општествената улога и посветеноста на учителите, оние кои се најважен столб на воспитно-образовниот систем и кои, всушност, најдиректно ја градат иднината на секоја држава.  Благодарност до сите наставници за споделување на знаењето, за сиот труд, трпение и посветеност во процесот на обликување на младите“ – порача министерката Јаневска.  

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »