Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2019
Со доделувањето на наградите започна 52-то издание на Детските Рацинови средби, кои денес и утре, се одржуваат во Велес. На конкурсот пристигнале околу 160 труда, на литературниот биле примени 126 поетски творби а на ликовниот конкурс имало 36 пристигнати труда. Годинешна тема на конкурсот беше ,,Белите мугри, во светлината на денот,,. Организаторот, претседателот на клубот на писатели ,,Коста Солев,, Лила Арсова кажа дека се пријатно изненадени од масовноста и квалитетот на пристигнатите творби
На ликовниот конкурс Гран при освои Елена Ивчева II год. Гимназија „Кочо Рацин“ Велес ментор: Кристијан Тодоров
На литературниот конкурс Гран при наградата ја освои Софија Ичкова 2 год. СОУ„ Богданци“ Богданци Ментор: Ивана Димовска.
Категорија: Основно образование 6-7 одд.
1 награда Нина Ламева VII одд. ОУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје Ментор- Сунчица Петрева
Категорија: Основно образование 8-9 одд.
1 награда Ангела Костовска – 8 одд. ОУ „Тодор Ангеловски“ – Битола Ментор Адриана Ѓоргиев
Категорија: Средно образование
1 награда Марија Филипова 2 год. Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје Ментор Јасминка Видевска
Жири комисијата која ги вреднуваше пристигнатите трудови беше во состав: Лили Арсова, Игор Крајчев, Нада Алексоска.
Категорија: Средно образование
1. награда ЈОВАНА ИВАНОВА СОУ „Никола Карев“ Струмица ментор: Маргарета Спасов
Категорија: Основно образование 8-9 одд.
1. награда КРИСТИНА СПИРКОСКА IX одд. ООУ„Кузман Шапкарев“ Скопје Ментор:Петар Беслаќ
Категорија: Основно образование 6-7 одд
1. награда САШКА БИЛБИЛОВСКА VII одд. ОУ„М.К.Ататурк“ Гостивар Ментор: Елизабета Наумческа
Жири комисија која одлучуваше за наградите по ликовниот конкурс беше во состав од професорите Илко Стојановски, Росана Теовска, Васко Гаврилов.
Детските Рацинови средби се посебен празник на душата, како време кога е неопходно да се посветиме на поезијата и на Рациновата мисла. Создаденото ќе патува низ времето, засекогаш врзано на лист бела хартија - кажа градоначалникот Аце Коцевски, отворајќи ги 52-те Детски Рацинови средби.
Во продолжение на манифестацијата попладне во Сокачето на поезијата, кај куќата на поетот Кочо Рацин предвидено е поетско читање на наградените творби, посета на ликовната изложба и посета на грнчарска работилница. За утре, четврток предвиден е поетски караван кој ќе посети детски градинки, основни и средни училишта и училишниот дом. Во 13 часот во ,,Бели мугри,, е промоција на книга за деца и млади „Приказни од мојот крај“ од Лила Арсова.
Tweet |