Петар Печков
Објавено: среда, 28 февруари 2024
Велешанката Зорица Цветковска е кандидат за претседател на државата и тоа на партијата „Десна“. Таа е еден од 13 кандидати, a за да биде на избирачкото ливче треба да собере 10 илјади потписи, кои се собираат во Подрачните одделенија на Државната изборна комисија.
Цветковска во нејзината програма има неколку точки со кои на граѓаните и гласачите им го објаснува нејзиното дејстување од позиција претседател. Меѓу другото пушува дека заклетвата ќе ја дава кон Републкика Македонија, ќе покрене иницијатива за референдум за раскинување на договорите со Бугарија и Грција, нема да потпише ниту еден Указ за Закон на кој што ќе пишува Северна.
Исто така, ќе ги враќа на доработка сите закони кои што се донесени во сомнителна процедура, во таа смисла и закони кои што се донесени со злоупотреба на европското знаменце, во својство на Врховен командант на вооружените сили ќе се заложи за реформи на безбедносниот систем за потребите на одбраната и безбедноста, како експерт во доменот на социјалната работа и згрижување на финансиски ризичните групи, ќе оформи фонд за лекување на итни случаи во и надвор од Македонија.
На позиции амбасадори ќе назначува исклучиво компетентни лица, кои што ќе бидат вистински претставници, сите лица кои што ќе ги назначува ќе биле исклучиво според мериторен критериум, односно да бидат соодветни за таа позиција, без врска на нивната политичка, верска, национална или друга припадност.
Собранието на Република Македонија, за нејзината работа ќе го известува најмалку еднаш во три месеци, наместо досегашната практика од еднаш годишно, ќе оддржува редовни контакти со Македонците надвор од Македонија, особено со оние што живеат и работат во соседните држави.
Заклучно до 7 март Цветковска собрала 284 потписи за кандидат за претседател, а потребни се 10 илјади.
Tweet |