Петар Печков
Објавено: четврток, 12 септември 2024
Велешанката Ивана Милошевска издаде книга „Убиецот кој не ме уби“ во која ја опишува личната борба против болеста со која се бори дел од нејзиниот живот. Нејзината прва книга беше промовирана во градската библиотека „Гоце Делчев“.
„Многу долги години поминав низ разни случки, некои убави, кои ми дадоа инспирација како понатаму во животот, љубовта која ја даваме, за возврат не знаеме дали ќе ја добиеме, а не ја купуваме. Втората половина од книгата, за убиецот мојот сопатник, оваа опака болест, леукемијата и ракот, ме натера да бидам многу посилна од што сум мислела дека можам. Да говорам без влакна на јазикот, бидејќи вистината и само вистината успева денес да ја зголеми свеста кај луѓето“ - кажа авторката Милошевска.
Со оваа нејзино дело Ивана поттикнува надеж и сила кај сите кои се соочуваат со слични предизвици и проблеми, два совети како човек д се справи со болеста.
„Ова девојче не само што се бори за своето здравје, туку и ни покажува дека соништата можат да станат реалност. Нејзината книга е доказ дека секој од нас има сила да направи разлика, да создаде нешто вредно и да остави трага во светот“ – порача директорката на библиотеката Снежана Бошевска.
„Авторката на оваа книга и покрај сите предизвици со кои се соочува, успеала да создаде нешто прекрасно и значајно. Нејзината приказна е потсетник за сите нас дека без оглед на тешкотиите, секогаш постои надеж и можност за промена.Нека оваа книга биде инспирација за сите нас да ги следиме нашите соништа, да не се откажуваме пред пречките и да веруваме во себе. Нека нејзината приказна не потсети дека животот е дар и дека секој момент е можност за нов почеток“ – кажа промоторката Весна Атанасовска.
Сите собрани средства од продажбата на книгата ќе одат за лекување на Ивана во Турција. Книгата е отпечатена во Индиго ХУб од Скопје, кој се откажал од надоместок а во интерес на што повеќе средства да бидат собрани од продажбата.
фото ФБ/Локална библиотека Гоце Делчев
Tweet |