Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2015
На недомнешното доделување на признанијата за најдобри студенти инженери во Македонија, меѓу добитниците беше и велешанката Лидија Лазовска. Таа дипломираше на Факултетот за дизајн и технолоии на мебел и ентериер, во Скопје, при Универзитотот ,,Свб. Кирил и Методиј,, со просек од 9,62.
На овој начин се стекна со стручниот назив дипломиран инженер по дрвна индустрија. Прва дипломираше во генерација со највисок просек на факултетот.
Огромна чест и задоволство ми е што сум добитник на наградата “Инженерски прстен” која за мене претставува признание за целиот вложен труд и постигнат успех за време на додипломските студии. Оваа награда треба да биде мотив за сите студенти – идни инженери да инвестираат во своето образование, зошто патот до успехот е преку знаењето. Прстенот ќе ме потсетува дека вложениот труд, никогаш не е заборавен и да не застанам тука, туку да продолжам со своето професионално и научно изградување - објаснува Лазовска.
Нејзините планови се во скоро време да се вработи на струка, како дизајнер на мебел и ентериер и да може да го искористо знаењето стекнато во текот на студирањето. Во план е да запише магистерски студии и да го подигне образованието на повисок степен. Поститнатиот успех значи и доста одрекувања, за што Лидија додава дека се се може ако се сака.
Секој пат стојам до мотото “Доколку се сака сè се може” така што за се има време, доколку се сака и нормално ако знаеш добро да си организираш времето. Ако знаеш да ги балансираш работите во животот, се е полесно. Така за време на колоквиумските недели излегувањата на кафе, забава и слично беа редуцирани, но тоа не претставуваше проблем да се стекнам со нови пријатели за време на моето студирање. После успешно положените предмети знаевме да си прославиме, заедно со моите пријатели и да го крунисаме постигнатиот успех со заслужена забава - вели Лазовска.
Таа студиите ги завршила во рекорден период од 3 години и 9 месеци. Основно завршила во “Васил Главинов” а средно во гимназијата “Кочо Рацин,,.На 2-ри ноември Лидија ќе наполни 24 години.
Многу сум им благодарна на моите родители кои ме подржаа во мојата одлука за студирање, како и на професорите од мојот факултет кои ми го покажаа патот до успехот -заврши Лазовска , велешанка добитник на признанието ,,Инженериски прстен,,.
Tweet |