Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2022
На државното првенство во карате кое се одржа во Скопје, велешанката Марина Арсовска го освои второто место во дисциплината кати. Од неа подобра беше олимписката учесничка од Пекинг лани, Поликсенија Јовановска. екипно во кати жени, женската екипа на Карате клубот Гладијатор беше прва но само таа учествуваше во конкуренција. Во состав не ката екипата беа Арсовска Мартина, Гашева Теа и Алексовска Андреа
И во реванш средбата одиграна во салата Гемиџии, одбојкарите на ГОК Борец загубија со максимални 3:0 од екипата на ОК Вардар, исто како и пред седум дена во Скопје. Со ова тие се елиминирани од Куп натпреваривте во 1/4 фаза. Утре, сабота во 16 ч. во салата Гемиџии, го играат првенствениот натпревар со екипа на ОК Шкендија од Тетово.
Tweet |