Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 април 2012
Одбојкарките на Форшпед поразени се во финалето од Купот откако вчера во Штип загубија од екипата на Форца Волеј со 3:0. Велешанки освоија 21, 22 и 23 поени. Иако во првиот и третиот сет одбојкарите на Форшпед водеа со 7:1 и 13:6, не успеаја ова висока предност да ја одржуваат , сочуваат и освојат сет.
Искуството од вакви одлучувачки натпревари беше кај скопјанки и тие заслужено стигнаа до петтиот освен Куп по ред. Форшпед ќе има можност за реванш во финалето од разигрувањето за шампионската титула кое започнува од првата седмица на мај, каде се сретнуваат истите две екипи Форца Волеј и Форшпед.
Велешанки се пожалија на третманто од хотелот каде биле сместени. Иако и двете кипи заедно дошле во саботата претпладне, од Форшпед било побарано во 13 часот да го напушти објектот, додека скопјанки останале до пред почетокот. Овие три часа велешанки ги минале во кафитерија, што според водството на клубот влијаело на подготвеноста за натпреварот.
Претеходно во полуфиналето велешанки беа подобри до домашнинот Гоце Делчев - Форшпед 1:3 (21:25, 13:25, 25:21, 22:25)
Tweet |