Петар Печков
Објавено: сабота, 13 ноември 2021
На две гостувања, за една седмица, велешките фудбалерки победија со по 0:4. Денес нивна нова „жртва“ по ЖФК Шкендија беше екипата на фенерџијата ЖФК Атлетико од Битола, која нема ниту бод.
Со головите на Доуму во 3`, Максимовиќ 29`, Перчинковска 55` и Велинова 85`, на бодовното сладо прокнижија нови три бода.
По ова седмо коло од Првата жеснска фудбалска лига, велешанки се повторно трети со 14 бодови и еден бод помалку од двете екипи на врвот ЖФК Скопје и ЖФК Тиверија.
Во следното коло, кое се игра по две седмици поради репрезентативната пауза, ЖФК Борец дома игра со екипата на ЖФК Љуботек од Тетово, која е 6-та со 13 бода. Вистински тест за квалитетот на двете екипи.
Tweet |