Петар Печков
Објавено: недела, 11 декември 2011
Во Скопје се одржа првиот ултрамаратон во Македонија. Се трчаше на време, колку ќе истрча секој учесник за време од шест часа.
Трката започна во 9 часто на 0 степени и се трчаше до 15 часот. Од АК Велес на оваа трка учествуваа двајца атлетичари на ултра маратонот и еден на полумаратонот, се трча на 21,1 км.
На крајот Трајче Михов го освои првото место во ултра маратон а Виктор Толевски беше 7-ми со претрчани 53 км. Михајче Андоновски плолумаратонот од 21,1 км го истрча за 2ч. и 5 мин. со што беше 20-ти.
Така Михов успешно ја заврши годината почна како прв на маратонот во Ниш а заврши како прв и во Скопје.
Tweet |