речник контакт

Велешка Крзнара ја пушти во работа пречистителната станица

Инвестицијата е вредна 300 илјади евра

Петар Печков

Крзнарата ,,Димко Митев,, од Велес, денес ја пушти во работа пречистителната станица  за отпадни води, вредна 300 илјади евра.  На овој начин отпадните води, од процесот на штавење, се исчистени од хемискиот елемент хром, кој се користи во оваа постапка.

Пречистителната станица за хромни отпадни води, кој произлегуваат од процесот на штавење е круна на се` што работевме изминатите две години. После третманот водите се целосно пречистени и дури може да се пијат. Ова е прва фаза,  а од понеделник следи следната со која  ќе го решаваме еколошките прашања.  Пред две години запревме со работа на јаглен во новиот погон - кажа директорот Атанас Киров. 

Тој посебно се заблагодари на партнерите ,,Шепард,, од Шведска кој најмногу помогнале во инвестицијата, но и за нивните вложувања во фабриката изминатите години. Посебно ја нагласи опремата за отпрашување, со која прашината што се јавува во процесот на производство,  се  доведува во форма на брикети.     Опремата за пречистителната станица  е на италијанската фирма  ,,Делта аква,, . 

Крзнарата ,,Димко Митерев,, има 250 вработени, постои 72 години и единствена во земјава која произведува крзнени производи и е извозно ориентирана. Производството во најголем дел завршува на пазарите во Шведска и Скандинавските земји.  Крзнарата е   во постапка  за добивање на ,,Б,, интегрирана дозвола, имаат дозвола за усогласување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »