речник контакт

Велешка Маслодајна бара сончогледот да се тргне од листата на луксузни производи, на кои ДДВ им се покачи на 10 отсто

Земјоделците барат пак поради сушaта да добијат помош од интервентниот фонд

Петар Печков

Велешка Маслодајна бара сончогледот да се тргне од листа на луксузни производи, откако ДДВ за оваа индустриска култура од Владата го покачи од  5% и скокна на 10 отсто. Тоа фабриката како единствен произведувач на масло за јадење од суровина сончоглед, ја прави нерентабилна  и бараат истата одлука да се преиспита.  

„Од сончогледот произведуваме масло за јадење кој е стратешки прехранбен производ. Повисока цена од оваа што земјоделците ја добија, не можеме да им исплатиме. Таа е повисока дури и од Србија, која е огромен производител на сончоглед“ - кажа Горан Лазов, директор на АК Кристал 1923.  

Цената на сончогледот во Македонија била 333 евра по тон а во Србија 320 евра. Таа е лимитирана и од  цената на маслото за јадење.  Лани пролетта еден литар чинеше 170 денари а сега 72 денари. Па затоа и ценaта на сончогледот како култура падна од 37 денари за кг. лани на 20,7 годинава.     

„Кристал 1923“  неколку години континуирано работи на враќање на сончогледот на македонските полиња.И земјоделците кои одгледуваа сончоглед покажаа незадоволство од цената. Побараа Владата да исплати помош од интервентниот фонд.  

„Бараме да се исплати 6 до 7 денари за кг. Оваа година е катастрофална и по род   и по цена.  Имавме во прво време, кога сеевме- дождови, кална земја, па  суша кога зрееше,за на крај да имаме  мал род. Со вакви климатски промени, цени, род, прашање е дали ќе продолжиме да одгледуваме сончоглед“ вели Сашо Петровски  земјоделец од Пелагонија, во името на производителите.

Годинава Маслодајна ќе откупи околу пет илјади тони сончоглед, наспроти ланските 11 илјади. Ако сончогледот замине од македонските полиња, е дел до фабриката и таму вработените ќе останат без работа. Оти Маслодајна единствена во земјава произведува масло од сончоглед, а не од увоз на сурово масло. „Кристал 1923“годинава слави еден век постење, што ја прави една од најстарите фабрики во земјава.

фото интернет

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »