речник контакт

Велешка Маслодајна го предизвика еко инцидентот на Вардар

Велешка Маслодајна го предизвика еко-инцидентот кој се случи пред еден месец на реката Вардар, поради што против нив во Основниот суд во Велес е поднесена прекршочна пријава.

Петар Печков

Велешка Маслодајна го предизвика еко-инцидентот кој се случи пред еден месец на реката  Вардар, поради што против нив во Основниот суд во Велес е поднесена прекршочна пријава.

Општинскиот инспектор за животна средина ја прибрал потребната документација, а анализите од Заводот за здравствена заштита недвојбено покажувале дека мрсната дамка која во вечерните часови на 11 септември пловеше по реката е од АД Благој Ѓорев, поради што поведе судска постапка. Во прилог на оваа констатација е исписниот канал за отпадна индустриска вода, од каде истекла течноста  кој сега е користен само до ова друштво, бидејќи останатите две кои претходно го употребувале, Транс Велес и Топилница одамна не работат.

Големата мрсна дамка долга стотина метри беше регистрирана во реката Вардар на влезот во Велес, кај Градскиот парк. Први ја видоа спортските риболовци околу 20 часот, кај испусниот канал од индустриските капацитети. Дамката зафаќаше повеќе стотини квадратни метри, беше дебела неколку сантиметри и се состоеше од мрсни отпадни материи. На овој начин Маслодајна се соочува со парична казна помеѓу 70 и 100 илјади евра. Тие го повторуваат еко-инцидентот, втор пат за две години откако и лани на 10-ти април се случи ист таков. Тој сеуште е без пресуда и правна разрешница и по година и половина  од настанот. Поради овие две хаварии постапката за издавањетоа на интегрирана „Б“ еколошка дозвола за АД Благој Ѓорев е неизвесна. Таа е десетта што требаше да ја издаде општина Велес.

Без правна разрешнциа и обештетување помина и  големиот ланскиот летен помор на риби, кога поради испуштање на талогот од езерото Матка пцовисаа тони риба во Вардар, бидејќи во критичниот момент никој не зел примероци од водата, па немаше докази за поведување судска постапка. Вардар низ Велес е мртва река, бидејќи е од четврта категорија загаденост. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »