Петар Печков
Објавено: петок, 22 март 2019
Според Билансот на успех, Прехранбената индустрија ,,Благој Ѓорев,, од Велес остварила добивка од 8,5 милиони денари. Ова се податоци објавени на Македонска берза. За потсетување на крајот од 2017-та друштвото имал добивка од 199 илјади денари.
Во образложението пишува дека вo 2018 год. се остварени вкупно приходи од 508.146.030 ден што е за 17% помалку во однос на 2016-тљата, како резултат на намалената продажна цена на готовите производи. Поголем дел од приходите се од домашен пазар.
Расходите во 2018-та изнесуваат 498.606.440 ден и во однос на 2017-та се намалени за 18%.
Иако приходите имаат пад во 2018-та споредбено со 2017-та, сепак е остварена добивка поради поголемиот пад на материјалните трошоци, како резултат на намалување на цените на маслодајните култури и зголемувањето на продуктивноста и економичноста во друштвото.
Tweet |