Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2008
Велешка Маслодајна денес (сабота) го слави јубилејот 85 години од постоењето, со што се вбројува меѓу најстарите индустириски капацитети во земјава. Таа никогаш во овој период не престанала со производство и моментално со една третина ги задоволува потребите на македонскиот пазар од познатиот велешки зејтин „Кристал“.
Со задоволство можеме да кажеме дека ,,Кристал,, е бренд на македонскиот пазар, било тоа да е маслото за јадење или маргаринот во коцка. Наредна важна работа во фабриката ќе биде модернизација на производниот процес бидејќи тој последен пет е обновен во 1976-тата година – изјави Никола Варадинов извршниот директор на АД Благој Ѓорев. Тие на пазарот нудат и висококвалитетни кондиторски производи, прочуените велешки локум и алва како и оцет. Од годинава тие ја отворија и вратата за извоз на комплетниот асортиман во Албанија. Велешка Маслодајна започнала да работи во далечната 1923 година како работилнциа за шарлаган, втора на Балканот по таа во Загреб а нејзини сопственици било семејството Органџиеви. Раководството се пофали дека привршува со плаќањето на откупените 5 илјди тони сончоглед, по највисока цена во регионот по 22 денари за килограм, наспроти 13 во Бугарија и Србија, но не жалат што го платиле така, бидјеќи сакаат да го вратат ова индустриско растение на македонските полиња.

Tweet |