Петар Печков
Објавено: сабота, 02 ноември 2013
Тројцата мајстори од ресторанот ,,4,, Орце Димовски, Александар Стефановски и Александар Брлев. Ја направија најголемата пита пастрмалија во Македонија. Таа е долга 3 метри, широка еден метар. Во нејзината потковка биле употребени 20 килограм брашно, 20 килограми месо и 200 јајца. Така надминат е рекордот од пред три седмици поставен во Штип, на тамошната питијада.
Питата се подготвуваше два часа, се испече во сопствената фурна. По ова во Велес се изработи најголемата пита пастрмалија во Македонија. Неа ја подготвивме на сопствен трошок. Средствата од продажба се наменети за малиот Стојанче, на кого му требаат за лекување во Кина - рече сопственикот на ресторанот Боби Досевски.
Така рекордот на штипјани беше со краток период. Не издржа ниту еден месец. Но велешани и гостите ја покажаа нивната хуманост, оти на повеќе штандови имаше каса за собирање на хуманитарни средства за помош на ученикот кој треба да замине во Кина на лекување. И Црвениот крст од Велес имаше свој штанд, каде можеше да се донира.
Tweet |