Петар Печков
Објавено: сабота, 21 февруари 2009
Во ресторанот Снупи се одржа петата по ред манифестација „Велешка пастрмајлија“, која годинава немаше натпреварувачки карактер но затоа имаше како и досега хумана димензија.
Средствата од продадените пити и вино беа наменети за семејството Алиовски кое на 1-ви јануари добија тројка девојчињата Зурафета и Брут и машкото Булут, таткото Асан и мајката Џејлан се невработени. Тие добија 46 илјади денари, од кои од манифестацијата беа собрани 36, што е за сите овие години наназад најмногу и плус 10 илјади донација од општината.
Таа заедно со фондацијата Фокус се организатори на „Велешка пастрмајлија“. На неа беа изедени околу 500 пити и се испија повеќе од 120 литри вино. На манифестацијата учестуваат рестораните Снупи, Тивка ноќ, Баже пити, Жито Вардар, хотел Романтик, хотел Монтенегро како и винариите Тиквеш, Еленов, Николови, Велвин.
Меѓу бројните гости на „Велешка пастрмајлија“ беше и велешанецот Веселин Петровски, кој веќе 10 години живее во местото Гарфилд, САД, но не пропушти при престојот во родниот град да го вкуси овој специјалитет, за кој американците абер немаат а толку многу им недостига на нашите во туѓина.
Tweet |