Петар Печков
Објавено: петок, 10 јануари 2020
Наместо минималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор, некои вработени примаат симболични суми. некои и ништо а една фабрика во Велес исплатила сто денари. За ова реагираат од невлaдиното здружение „Гласен Текстилец“- Штип.
Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари - изјави Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“- Штип, на денешната прес конференција, а пренесоа медиумите во земјава. Таа не соопштила која фабрика е тоа и со каква дејност се бави.
Вработените кои не добиле популарен К-15 или добиле помалку од загарантираните 10,1 илјади денари, можат да реагираа на телефонскиот број 15 131 којшто е ставен во функција од Министерството за труд и социјална политика и Трудовиот инспекторат
Tweet |