Петар Печков
Објавено: среда, 04 февруари 2026
Велешка фирма оштетана зза 21 илјада евра, откако фактурата била пресретната, преправена па средствата завршиле кон друг субјект. Деталите од соопштението на велешката полиција.
„На 3 февруари во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
| Tweet |




