речник контакт

Велешката Итна помош доби три санитетски возила

Освен трите возила донација во Брзата помош, се примени и тројца доктори со што оваа служба, на која велешани и се обраќаат кога им е најпотребно е екипирана

Петар Печков

Министерство за здравство на ЈЗУ Здравствен дом Велес му донираше три специјални возила наменети за Итната помош.  Возилата марка ,,рено,, се опремени со комплетна опрема за давање на итна медицинска  помош на пациентите, со дефебрилатор, кислород боца, екг апарат, и се што е неопходно во вакви случаи.

Со добивањето на овие три возила значително се подобри  возниот парк на оваа служба која дава помош на територијата на три општини Велес, Градско и Чашка кои зафаќаат голема површина. Со овие возила кои имаат целосна опрема, можеме на лице место да им помогнеме на пациентите.  Тие ќе овозможат давање брза, итна и неопходна помош – изјави д-р Тања Самаракова директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Претходно со сопствени средства тие пролетва  набавија санитетско возило ,,дачија,, додека останатите десетина коли беа застарени некои и со 15 годишен стаж. Истовремено во Итната помош во Велес примени се и тројца доктори со што се реши проблемот со недостаток на медицински стручен персонал. Истовремено вакви возила Министерството за здравство донираше и во уште неколку македонски града.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »