Петар Печков
Објавено: вторник, 16 октомври 2012
Локалната самоуправа воведе новини во одржувањето на годинашнава 9-та Питијада. Најстарата ваква манифестација во Македонија ќе се одржува од 9-ти (петок) до 11-ти (недела) ноември. Освен новиот термин, порано една седмица, нов е и просторот, таа ќе биде лоцирана на улицата Благој Ѓорев од крстосницата на ресторан Панини до крстосницата до продавницата Ќоше на Жито Вардар.
Работното време ќе биде од петок 9-ти во 15 часот до недела 11-ти до 15 часот, со тоа што двете вечери штандовите ќе работат до 24 часот. На Питијадата ќе има и музички гости, кои дополнително ќе бидат објавени. Препорачана цена на продажба од страна на организаторот е една пита пастрмалија – 120,00 ден, една чаша вино – 30,00 ден. а шише вино – по цена на излагачот во зависност од виното.
Цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмалија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено да им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија кои ќе го посетат настанот.
Tweet |