речник контакт

Велешката Питијада од 6 до 8 октомври

Останува и натаму местото на одржување, пред Панини

Петар Печков

Градоначалникот Марко Колев го објави терминот на велешката Питијадата. Таа годинава ќе се одржи, традиционално пред 11 октомври, на 6 , 7 и 8 октомври. Останува и натаму местото на одржување, пред Панини.

„Нема причина да се менува локацијата, додека јас сум градоначалник тоа ќе биде на постојаната локација“ - кажа Колев.

Што се однесува до програмата, најави дека деновиве ќе биде објавена.  Најави дека повеќето изведувачи ќе бидат од македонската поп, рок и фолк сцена, бидејќи гостите надвор од Македонија се осетно поскапи а буџетот на манифестацајатаа е ограничен и согласност со можностите на Општината. А манифестација нема голем спонзор, како што е на други слични манифестации,  што влијае на изборот на гостите изведувачи.

 фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »