речник контакт

Велешката библиотека го одбележа 23 април, Светскиот ден на книгата

Oстварeнa e видео средба со авторот Иван Антоновски од Скопје

Петар Печков

Годинава Светскиот ден на книгата и авторското право, Локалната библиотека „Гоце Делчев“  го одбележа  на специфичен начин поради пандемијата на коронавирусот со онлајн книжевна средба. Во време кога движењето на луѓето е ограничено и книгата претставува еден од начините  за олеснување на времено на излоција и самоизолација. 

„Во такви услови на затвореност, книгата со нејзината моќ  може да ја стимулира нашата креативност и нашиот ум, да ни ги прошири хоризонтите и сл. Иако оваа година славењето на денот на книгата е видоизменето, сепак тоа не го намалува значењето на овој датум и пораките за значењето на истиот што ги споделуваме со нашите почитувани читатели. Ја повикуваме  јавноста  да сподели информации за омилени книги, да даде препораки  за своето опкружување и упатуваме порака од име на библиотеката, да се дружите со книгата секојневно, затоа што таа ни го збогатува животот“ – рече Гордана Васковска, в.д. директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев од Велес. 

Светскиот ден на книгата и авторското право го  прогласи УНЕСКО  во 1995 година на Конференцијата на УНЕСКО одржана во Париз, со цел да се поттикнат младите на читање, да се промовира издаваштвото и заштитата на авторското право. Овој ден се слави секоја година на 23 Април – денот кога починале славните автори Вилијам Шекспир, Мигуел де Сервантес и Инка Гарсиласо де ла Вега. 

По овој повод, велешката Библиотека оствари средба со авторот Иван Антоновски од Скопје, годинешен добитник на наградата „Антево слово“, поет, есеист, книжевен критичар, преведувач и публицист. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. 

„Глобализацијата донесе многу одбележувања на светски и европски денови, со различни поводи. Овие денови треба да бидат само повод, зад кој стојат бројни причини. Не треба само на 23-ти април да обрнуваме внимание на книгата. Овој ден треба да биде секој ден, од 365 дена во годината. Овој ден треба да е само глобален повод, да отвореиме прашања за значењето на книгата, но не треба да бдие единствен“ – рече Антовски во видео обраќањето кон велешките читатели на Библиотеката.  

Македонската пораката годинава ја испраќа проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар. Под наслов „Умот царува, а книгата го храни“, професорот Чепреганов вели:„ Книгата е изворот, фундаментот и светлината во животната филозофија на нашата секојдневна егзистенција. Дружете се со неа и почитувајте ја како секојдневна насушна храна, којашто ќе ви го збогати умот и животот“. 

Во светската порака за оваа година испратена од УНЕСКО се вели:„ Денес, повеќе од кога и да било, во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »